Стоилов: Кога веќе сме во Келн, ќе дадеме се од себе за победа

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, беше задоволен по ждрепката откако му се исполни желбата, во полуфиналето да не игра против Пари сен Жермен.

Лично не сакав да се сретнеме со ПСЖ бидејќи тоа е тим со премногу „џокери“ кои можат да го решат секој меч. Се среќаваме со Барселона, тоа е тим што го почитуваме и што добро го познаваме. Предизвикот е голем, но имаме доволно време да се подготвиме и физички и психолошки. Кога веќе стигнавме до Келн, сигурно ќе дадеме се од себе за да се обидеме да стигнеме до победата“ – изјави Стоилов.

„Црвено-црните“ минатата сезона одиграа два натпревари во групната фаза од ЛШ против Барселона, претрпувајќи два порази, првиот во Каталонија со 31-30, a потоа и во Скопје со 25-27.

Се вчитува...