Стоилов: Мене ми е најтешко, Вардар е мојот клуб…

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, не ја крие разочараноста по најавите дека „црвено-црниот проект“ ќе заврши на крајот од оваа сезона.

„Не знаеме каков ќе биде Вардар следната сезона, дали ќе постои. Мене ми е најтешко, Вардар е мојот клуб, јас сум пораснат овде, како навивач на Вардар. Треба да сме благодарни како играчи, Вардар го крена спортот на едно повисоко ниво, за Скопје, за Македонија“ – изјави Стоилов.

Македонскиот репрезентативец е убеден дека „вардарци“ ќе најдат сили да одиграат одличен натпревар против Пик Сегед.

Сегед е во нашите мисли во моментов, фокусирани сме на овие две средби. Цела година имаме проблеми со повреди, но стигнавме до ова четвртфинале. Во клубот иаме вистински борци, можеби целата ситуација ќе биде само мотив плус за да изгинеме и да играме на еден фајналфор турнир“ – оптимистички е расположен Стојанче Стоилов.

 

Се вчитува...