Стоилов: Монпелје е фаворит, наше е да дадеме максимум

Актуелниот европски шампион Вардар ќе го пречека францускиот Монпелје во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Капитенот на „црвено-црните“ Стојанче Стоилов фаворитската улога му ја препушта на противникот кој во далеку подобра атмосфера влегува во натпреварот.

„Ситуацијата е таква каква што е. Играме на домашен терен против Монпелје, но фаворитската улога има ја препуштам на нив. Наше е да дадеме се од себе и да се обидеме да извлечеме колку можеме подобар резултат“, изјави Стоилов. 

Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ на програмата е во сабота во 17:30 часот.

Се вчитува...