Стоилов: Нема разлика меѓу Македонија од СП и Македонија од Рејкјавик

Македонија е желна за нова победа против Исланд, без разлика што поголемиот дел од задачата на патот кон ЕП 2020, си ја завршивме со триумфот во Рејкјавик. Сепак, Столе Стоилов во очекување на утрешниот меч во „Борис Трајковски“ вели дека онаа победа на гостински терен не треба да не залажува и да го смени пристапот кон самиот натпревар…

„Победата во Исланд не треба да не залажува и да ни го промени пристапот кон мечот. Треба да играме како да не сме фаворити, да се бориме за секоја топка и да се обидеме да ги победиме и во Скопје“ – вели Стоилов кој потенцира дека, и покрај впечатокот и еуфоријата која сега владее во јавноста, не гледа разлика меѓу онаа Македонија од јануарското Светско првенство во Германија и оваа Македонија која го победи Исланд во Рејкјавик.

„Истата Македонија е, ние сме сите истите… Нема разлика од Македонија на Светското првенство со оваа сега. Факт е дека нема многу време за промени. Таму ни се отвори шанса за победа и ние ја искористивме, бидејќи се боревме до крај за секоја топка. Тоа е рецептот за да дојдеме до победата и на домашен терен“.

Мечот меѓу Македонија и Исланд од 4. коло во квалификациите се игра утре во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, со почеток во 20 часот. Македонија досега има две победи, против Турција и Исланд, и еден пораз од Грција.

Се вчитува...