Стоилов: Ние сме европски шампиони, односот кон нас е смешен, никој ништо не ни кажува

Вардар е во голем хаос, ракометарите немаат земено плата цела година, а Криштопанс и Атман го напуштија клубот. Капитенот Стојанче Стоилов вели дека ќе остане до крај, но и потенцира дека односот на клубот кон нив е смешен, никој ништо не им кажува на играчите, а тие се актуелните европски шампиони.

„Ова е хаос, ние сме европски шампиони, а односот кон нас е смешен, никој ништо не ни кажува. Јас ќе останам до крај, ќе дадеме се за гордоста на градот, ама јасно е дека не очекува тежок натпревар. Имаме проблеми со играчкиот кадар, но ракометарите се сепак фокусирани. Би сакале навивачите да дојдат да не поддржат, потребна ни е победа, а Мотор е сериозна екипа и доаѓа со нагласени амбиции да победи. Но, ние сме сепак актуелен европски шампион“, изјави Столе Стоилов.

Вардар в сабота го пречекува Мотор во СЦ „Јане Сандански“ и потребна му е победа да го потврди шестото место во групата кое води во нокаут фазата од елитното европско клупско натпреварување.

Се вчитува...