Стоилов: Паузата поради Мундијалот нема да нè спречи да победиме против Нексе

По паузата поради репрезентативните обврски на Светското првенство во Франција, Вардар повторно им се враќа на клупските обврски. „Црвено-црните“ ќе ја започнат новата календарска година со натпревар од регионалната СЕХА лига нагостувајќи го тимот на Нексе.

Вардарци го делат ставот – тимот не беше комплетен долго време поради репрезентативните обврски, но тоа нема да ги спречи за да запишат нова победа со која би се зацврстиле на врвот на табелата

„Очекуваме еден добар натпревар, Нексе има нов тренер, применуваат многу добар ракомет, но одиме на победа. Трениравме вчера, немавме многу време за анализа, но верувам дека ќе стартуваме со триумф во 2017 година“ – истакна тренерот на Вардар, Раул Гонзалез.

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, по одличниот настап за македонската репрезентација го дели ставот на тренерот и очекува победа на првиот дуел од оваа календарска година. 0

„Прв натпревар после паузата. Екипата долго време не беше заедно. Мислам дека тоа нема да биде проблем и да смени многу. Играме против Нексе, одлична екипа која во минатото знаела да ни направи проблем. Играме дома, сакаме да ја започнеме оваа полусезона со победа и се надевам дека ќе го направиме тоа“ – дополни Стоилов.

Дуелот е закажан за 2. февруари со почеток во 17.45 часот.

Се вчитува...