Стоилов под посебна програма, во трка со времето за стартот на сезоната

Европските шампиони тргнаа со подготовки, а капитенот на „вардарци“, Стојанче Стоилов тренира индивидуално. Причина е незгодната повреда што го мачи нашиот репрезентативец веќе подолго време, поради која врз Стоилов минатиот месец беше извршен и хируршки зафат.

Рехабилитацијата тече добро, но јасно е дека нема да биде кратка. Стоилов дефинитивно нема да може да настапи на Супер-Глоуб, а „црвено-црните“ се надеваат дека капитенот ќе биде „фит“ барем за стартот на сезоната во ЛШ, закажан за средината на септември.

Во ситуација кога си заминаа Калараш и Мораеш, се очекува Стоилов да биде прв пивот на Вардар во новата сезона, со оглед на фактот дека ниту Горпишин ниту Словенецот Сикошек Пелко немаат никакво искуство во европските купови.

Се вчитува...