Стоилов револтиран и директен по поразот: Некои играчи на Вардар не разбираат за каков голем клуб играат!

Капитенот на Вардар и македонски репрезентативец Стојанче Стоилов по поразот од Брест Мешков во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите, отворено искажа револт од начинот на кој некои негови соиграчи го носат вардаровиот дрес.

„Сакав да го анализирам овој натпревар, но тренерот на Мешков, нагласувајќи колку голем клуб е Вардар, откри некои поенти во својата анализа на кои сега јас сакам само да се надоврзам. Некои од нашите играчи не можат да разберат за каков голем клуб играат кога ќе излезат на терен. Не можат да разберат како се носи вардаровиот дрес. И тоа е нашиот најголем проблем. Толку, не сакам ништо повеќе да додадам“ – истакна Стоилов на прес-конференцијата по натпреварот со Брест Мешков.

Се вчитува...