ЕКИПА во Келн,
Катерина Павлова Николовска
Третпат последовно македонскиот првак Вардар е учесник на завршниот Ф4 турнир во Келн. По европската титула во 2017 година, „црвено-црните“ во континуитет се дел од елитните четири тима во најквалитетното европско натпреварување.
Капитенот Стојанче Стоилов вели дека самото учество на Ф4 во оваа тешка сезона за клубот, е голем успех.
„Третпат по ред сме на фајналфор турнирот во Келн, Вардар е дел од елитата. Оваа сезона беше тешка, самото наше доаѓање овде е голем успех. Многумина тоа не го очекуваа, можеби дури и некои од нас. Дојдовме да се надигруваме и се надеваме на позитивен исход“, изјави Столе Стоилов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА