Европскиот првак Вардар в недела ќе го пречека Веспрем во СЦ „Јане Сандански“, во реприза на минатогодишното финале во Лигата на шампионите. Во малку полош резултатски миг, „црвено-црните“ сепак се надеваат на позитивен епилог, иако имаат и многу повредени ракометари. Но, фаворитската улога му ја препуштаат на Веспрем.
„Нема што да се зборува. Ростерот е тој. Веспрем е апсолутен фаворит, но ние ќе направиме се што можеме. Немаме играчи за одбрана, не можеже одбрана да оформиме, Дисингер се оперираше, голманите не се на ниво, а со тоа и одбраната“, вели капитенот Стојанче Стоилов во пресрет на неделната пресметка.
Унгарскиот состав со шест победи и три порази е второпласиран моментно во групата, зад лидерот Кил, додека Вардар се наоѓа на шестата позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА