Стоилов: Вината е само кај нас…, не може на големо натпреварување да се игра вака

ЕКИПА во Виена,

Стеван Цаневски

Пивотменот на македонската репрезентација Стојанче Стоилов вели дека единствени виновни за поразот од Австрија на ЕП 2020 се само ракометарите кои настапија на паркетот во „Штадхале“.

„Не знам што да кажам. Вината е само кај нас ракометарите. Не може на едно вакво големо натпреварување да се игра на овој начин. Игравме без никаква концентрација. Замислете секој по само една грешка да направи тоа се по 16 грешки на меч, а ние правевме многу повеќе. Со такво нешто не може да се надевате на позитивен резултат“ – истакна Стоилов по поразот од Австријците.

Се вчитува...