Стоилов: Животот продолжува, памет за следната година…

ЕКИПА во Келн,

Симон Котларов

Капитенот Стојанче Стоилов не го криеше разочарувањето по денешниот пораз, и овој минимален со еден гол разлика како и сите претходни сезонава во Лигата на шампионите. Македонскиот репрезентативец им се заблагодари на навивачите за поддршката, изразувајќи надеж дека „вардарци“ во иднина повторно ќе бидат дел од фајналфор турнирот во Келн.

„Мислам дека одигравме подобро отколку вчера. Како што реков и претходно, тоа е спортот, грешките се казнуваат, тоа ни се случи и денеска. Имаме пет порази, сите се од по еден гол разлика. Тоа е тоа, памет за следната година, се боревме цела сезона, сакавме да освоиме, но не успеавме. Животот продолжува, се надеваме на нови успесси во иднина. Благодарност до навивачите кои дојдоа во огромен број, каде и да одиме ние имаме поддршка од трибините, искрено се надевам дека тоа ќе продолжи и во иднина“ – изјави Стојанче Стоилов по денешниот пораз од ПСЖ.

Се вчитува...