Стојан Ѓуроски поради позитивен корона тест нема да патува во Естонија

Стојан Ѓуроски нема да биде во можност да биде дел од нашиот сениорски национален тим за претстојниот квалификациски турнир во Естонија. Репрезентативното крило доби позитивен резултат на задолжителното PCR тестирање од коронавирус кое го направи по враќањето во Аликанте.

„За жал, нема да можам да му помогнам на националниот тим за Битките во Талин. По враќањето во Скопје, каде мораше да средам некои технички работи поврзани со работната дозвола за Шпанија, бев тестиран од страна на клубот. Тестот се покажа како позитивен, а тоа ме однесе во самоизолација“, – вели за сајтот на КФСМ, Ѓуровски.

Јасно е дека Ѓуроски нема да биде дел од експедицијата која наредната недела ќе патува за Талин, каде од 28. до 30. ноември нè чекаат квалификациските дуели за Евробаскетот 2022, со селекциите на Италија и на Естонија.

„Според шпанските закони, има некои правила кои се однесуваат за спортистите. Нема одреден број на денови кои морам да ги поминам во карантин. За пет-шест дена ќе бидам повторно тестиран, па ќе видиме. Засега немам ништо, не чувствувам никакви симптоми. Немав контакт со никој од клубот, затоа што по враќањето прво што требаше да направам беше да се тестирам. Искрено, ми е многу криво што нема да играм во Естонија Но што е, тука е. Здравјето е пред сè“- додава репрезентативното крило за сајтот на КФСМ.

Се вчитува...