Стојан Петрушевски назначен за нов тренер на Голден Арт

Искусниот македонски стратег Стојан Петрушевски е назначен за нов тренер на македонскиот ракометен суперлигаш Голден Арт.

Голден Арт на ваков чекор се одлучи по два порази во Плејаут шампионатот. Во есенскиот дел беа најдобро пласирани и со три бода влегоа во разигрувањето. Но, таа предност веднаш ја прокоцкаа на дуелите со Мулти Есенс и Прилеп и сега се на делба на последното место со Вардар Неготино и Скопје 2020.

„Чест ми е што доаѓам во една млада и преспективна екипа, која заслужува да игра плеј-оф. Заедно со стручниот штаб на клубот се надеваме дека ќе избориме опстанок во супер лигата, зашто овие млади играчи го заслужуваат тоа, а исто така и клубот кој обезбедува и овозможува одлични услови за работа. Целта е јасна, одиме понатаму“, изјави Петрушевски. 

Тој вчера го одржа првиот тренинг, а следниот викенд ќе го има и првиот натпревар на тренеското столче на Голден Арт.

Се вчитува...