Стојан Стојчевски го засили Работнички

Работнички ангажираше уште едно засилување во зимскиот преоден рок. Нова аквизиција на „романтичарите“ е одбранбениот фудбалер Стојан Стојчевски. Тој потпиша договор со Работнички до јуни 2020 година.

Стојчевски ќе ја засили конкуренцијата во одбранбената линија на тимот, а доаѓа од тимот на Академија Пандев. 26-годишниот централен дефанзивец претходно настапуваше и за Скопје, Вардар, Хоризонт Турново, Тетекс, Љубанци и за Силекс.

Се вчитува...