Стојан Стојчевски успешно опериран

Дефанзивецот на Силекс, Стојан Стојчевски денеска беше успешно опериран. Во рамото му е вградена плочка и ќе мора да паузира три седмици.

Стојчевски се повреди на вчерашниот натпревар во Кратово меѓу Силекс и Работнички (0-0), во еден дуел со Виктор Ангелов.

Веднаш по жестокиот дуел, тој беше повлечен од игра, а потоа замина на лекарски прегледи на кои беше утврдено дека се работи за сериозна повреда која мора да биде санирана со оперативен зафат.

Се вчитува...