Стојанче Велинов потпиша за Трепча

Уште еден Македонецот во редовите на косовскиот прволигаш Трепча, во чии редови заврши и довчерашниот фудбалер на Работнички, Стојанче Велинов.

28-годишниот Велинов претходно беше пред договор со Најран во Саудиска Арабија, но поради проблеми со визата се одлучи да ја прифати понудата од Трепча.

„Мојот нов предизвик во кариерата е Трепча. Да ги избегнам шпекулациите, сакам да кажам дека имав преддоговор со Најран, но поради проблем со визата не се реализира трансферот. Се надевам на многу успеси во новиот клуб“ – истакна Велинов по промоцијата во новиот дрес.

Велинов претходно во својата кариера има настапи и за Ренова, Брегалница, Силекс.

Во редовите на Трепча ова лето потпишаа и досегашните фудбалери на Силекс, Благој Гуцев и Антонио Бујчевски, како и Мартин Мирчевски од Беласица.

Се вчитува...