Пелистер и Тиквеш попладнево во Битола, одиграа неинтересен меч со малку шанси и без голови во рамките од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Тренерот на битолскиот тим, Милан Стојаноски по натпреварот изјави задоволство од играта на својот тим, особено во вториот дел, но рече дека на тимот му недостасува завршница.
„Во првото полувреме влеговме плашливо, бевме далеку од гол, и само една шанса успеавме да направиме. Некако како да им беа тешки нозете на играчите, а немаше причина да биде така Второто полувреме многу подобро, се растрчаа играчите, игравме викторија пред голот, но недостасуваше завршница. Според мене ова е најдобриот меч на Пелистер откако сум јас тука“, рече Стојаноски.
Потоа малку се осврна и на дербито со Вардар.
„Сега следува дербито со Вардар, верувам дека ќе дојдат голем број на луѓе да го гледаат Вардар, ќе не гледаат и нас. Вардар е добра екипа, а ние сега малку се кренавме. Можам да ветам убав фудбал“, кажа Стојаноски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

