Стојаноски: Пелистер е во мала криза, се надевам дека се ќе биде во ред

Милан Стојаноски ја презеде одговорната улога на нов шеф на стручниот штаб на Пелистер, а пред поранешниот македонски репрезентативец е сериозен предизвик – да го извлече битолскиот клуб од кризата во која се најде од стартот на сезонава.

Стојаноски веќе е во Битола и почнува со работа по вчерашниот потпис на договорот, свесен за предизвикот што се наоѓа пред него…

„Мило ми е што се врати во македонскиот фудбал, пред се во Битола, би сакал да ги поздравам сите навивачи. Пелистер во овој момент е во мала криза, но тука сме да се обидеме да ја поправиме ситуацијата. Се надевам дека ќе биде се во ред, ја имаме оваа репрезентативн пауза, па тоа ни дава за право да се надеваме дека добро ќе работиме добро во неделата која ќе следи. Уште еднаш ги поздравувам навивачите кои верувам дека ќе бидат наш 12-ти играч“, изјави Стојаноски.

„Зелено-белите“ ќе дебитираат со новиот тренер веднаш по репрезетативната пауза, на гостински терен против Силекс во Кратово.

Се вчитува...