Стојанович: Македонија е поквалитетна селекција, заслужено си победи

ЕКИПА во Рига, Летонија

Никола Ѓуровски

Селекторот на Летонија, Славиша Стојанович ја потенцираше заслужената победа на Македонија на дуелот во Рига, нагласувајќи дека во моментов Летонија едноставно не може да парира на поквалитетниот противник на теренот.

„Примивме два гола уште на почетокот и потоа беше тешко да се игра. Македонија е поквалитетна селекција, а јас никогаш не сум задоволен кога ќе загубам натпревар. Им дадов шанса и на неколку млади фудбалери од кои релативно сум задоволен. Македонија беше стабилна, рутинирана и заслужено победи“ – истакна Стојанович на прес-конференцијата по натпреварот.

Се вчитува...