Стојановиќ повика 22 ракометари, кадетите на два контролни меча со Црна Гора

Раде Стојановиќ, селекторот на нашата ракометна селекција до 18 години, објави список од 22 играчи на кои ќе смета во претстојната ЕХФ недела и активностите кои следат.

Македонија ќе одигра две пријателски средби против Црна Гора на гостински терен. За овие дуели Стојановиќ ќе смета на вкупно 22 ракометари кои се родени 2004 година или помлади.

Меѓу повиканите имиња има двајца интернационалци, тоа се Давид Брестовац кој игра во Германија и Мирче Калајџиоски од Словенија. Останатите доаѓаат од домашниот шампионат.

Собирот на ракометната селекција е закажан на 10 октомври. Пријателските натпревари со Црна Гора се играат во Подгорица, на 14 и 15 октомври.

 

 

Се вчитува...