Стојановски: Чест е што ќе бидам дел од тим со голема историја

Капитенот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Војдан Стојановски беше претставен како најново засилување на францускиот клуб Ортез. Тој беше без ангажман од стартот на сезонава, откако си замина од редовите на германскиот прволигаш Олденбург. И покрај долгиот период без клуб, тој вели дека вредело чекањето бидејќи потпишал во тим со голема историја.

„Среќен сум што ќе бидам дел од тим со голема историја. Подготвен сум да му помогнам на клубот колку може побрзо. Долго време бев без клуб, но мислам дека чекањето се исплатеше. Минатата сезона во Олденбург ми беше одлична бидејќи игравме полуфинале во плеј-офот од домашното првенство. За првпат играм во Франција, но знам како е да се игра во големите лиги во Европа и не се плашам како ќе се адаптирам“, вели Стојановски. 

Станува збор за екипа што слабо ја стартуваше новата сезона во францускиот шампионат, во првите 13 кола забележа само четири победи, а Стојановски сигурно ќе биде од помош во обидот да се тргне во триумфален поход за бегство од долниот дел на табелата.

Се вчитува...