Стојановски дебитираше со гол, за малку радост на Македонците на „Ернст Хапел“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Виена,

Никола Ѓуровски

Македонската репрезентација загуби на гостувањето против Австрија на „Ернст Хапел“ стадионот во Виена во претпоследниот натпревар од квалификациите за ЕП 2020.

Но, националниот тим доби неколку нови имиња на кои, без сомнение, и тоа како ќе се смета во иднина. Едно од нив и офанзивецот на француски Ним, Влатко Стојановски кој во дебито во сениорскиот репрезентативен дрес го запиша и својот деби погодок. Сето тоа за малку радост и на Македонците на „Ернст Хапел“ кои, во секој случај, останаа задоволни по изданието на македонските фудбалери во второто полувреме на натпреварот…

 

Се вчитува...