Стојановски и соиграчите добија „лекција“ од тренерот на Шамбли по поразот од Данкерк

Македонскиот репрезентативец Влатко Стојановски и соиграчите од францускиот второлигаш Шамбли добија „лекција“ на терен од тренерот Бруно Луци по вчерашниот пораз (0-1) на домашен терен од Данкерк.

Стратегот на Шамбли се одлучи да поразговара со фудбалерите задржувајќи ги на терен по поразот, во желбата да ја искаже разочараноста но и да го одржи духот на тимот пред продолжението на сезоната. Шамбли го чека тешка борба за опстанок сезонава. По девет одиграни кола е на последната позиција со само пет освоени бода.

Стојановски одигра 90 минути на вчерашниот натпревар за својот тим но се уште не успева да се запише во листата на стрелците, ниту во второлигашката конкуренција во Франција.

Се вчитува...