Стојановски: Колективот е најголемиот квалитет на оваа репрезентација

Офанзивецот Влатко Стојановски следната сезона во Франција, како позајмен фудбалер од Ним, ќе ја мине во редовите на второлигашот Шамбли. Но, повторно е повикан во националниот тим за стартот од новата сезона во УЕФА Лигата на нациите и натпреварите против Ерменија (5. септември, Скопје) и Грузија (8. септември, Тбилиси).

Стојановски верува, како и досега, дека колективот ќе донесе нови победи за националниот тим.

„Секако повторно за мене е задоволство да се биде дел од најдобриот тим на мојата земја. Тоа што ја краси оваа репрезентација е колективот, заедништвото, и тоа ќе донесе нови резултати во иднина“ – вели Стојановски на стартот од подготовките и дополнува:

„Факт е дека имавме предолга пауза, но секој од нас индивидуално работеше напорно изминатиов период. Не очекувам тоа да се рефлектира на квалитетот и секако очекувам добри резултати на престојните два натпревари“.

Се вчитува...