Стојановски: Од фудбалерите може да очекувате само максимум….

Офанзивецот Влатко Стојановски, во очекување на натпреварот против Косово во полуфиналето од баражот за пласман на ЕП, категорично најавува максимално издание на секој поединец од националниот тим во желбата за триумф и пласман во толку посакуваното финале.

„Од фудбалерите сите може да очекувате дека ќе го дадат максимумот, затоа што сите знаете што значи овој натпревар како за самите нас така и за нашата држава. Мислам дека ќе биде тежок натпревар, но верувам во победа против Косово“ – истакна Стојановски пред денешниот прв тренинг, притоа дополнувајќи:

„Имаме три дена за добра анализа и на противникот. Мора да ги искористиме и слабите страни на противникот за да дојдеме до посакуваниот триумф“.

Македонија со Косово ќе се соочи во четврток (8. октомври) од 20:45 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Се вчитува...