Стојановски: Се надевам на добра промоција на македонската кошарка во АБА

МЗТ Скопје повторно ќе биде дел од „елитата“ на „Јадранот“. Аероромци за камбек во АБА лигата се погрижија претходната сезона во која стигнаа до финалето од АБА2 првенството, а во новата сезона ќе се обидат да го задржат своето место меѓу најдобрите регионални екипи.

Македонскиот шампион првенството го започнува со натпревар против актуелниот освојувач на првенството, Црвена Звезда, натпревар кој ќе биде одигран во сабота со почеток од 20 часот. За целите во сезоната на денешната пресконференција говореше капитенот Дамјан Стојановски кој вели дека тимот ќе оди натпревар во натпревар и ќе цели на што подобра промоција на македонската кошарка.

„Во сабота започнува АБА лигата, која е меѓу најквалитетните на континентот. Ни следи напорна и тешка сезона, ќе одиме на победа на секој натпревар. Се надевам на што е можно повеќе победи и добра промоција на македонската кошарка“, изјави Стојановски.

Се вчитува...