Стојановски се врати на тренинзите на Ним, решени „административните проблеми“

Македонскиот напаѓач Влатко Стојановски се врати повторно на тренинзите на француски Ним, по отсуството за комплетирање на неопходната документација за добивање работна виза.

Стојановски претходно пропушти дел од подготовки на тимот и поради повреда, за да сега конечно активно се приклучи на тренинзите пред следниот натпревар од Лига 1 кој Ним го игра на домашен терен против Ница.

Ним во првото коло од шампионатот на Франција загуби на гостувањето од шампионот ПСЖ со 3-0.

Се вчитува...