Стојановски стрелец во поразот на Горица од Шибеник (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Влатко Стојановски беше стрелец за својата Горица во поразот од Шибеник (2-3) во 20. коло во Првата фудбалска лига на Хрватска. Стојановски доби шанса во 67. минута, а само една подоцна успеа да постигне гол за израмнување на 2-2.

Претходно домаќините поведоа со голот на Ловриќ во 12. минута, по што следуваа два гола на гостите на Јаколис во 30. и Делиќ во 51. минута. Нашиот интернационалец израмни на 2-2 во 68. минута, додека конечните 2-3 ги постави Јаколис со својот втор гол во 87. минута.

 

 

Се вчитува...