Стојановски стрелец за Горица во победата над Младост

Македонскиот интернационалец Влатко Стојановски го постигна својот деби гол во дресот на Горица во победата над Младост Ждралови од 2-0 во осминафиналето на купот на Хрватска.

Стојановски беше стартер за својот тим, а во 48. минута од пенал донесе водство од 1-0.

Стефан Ристовски и Динамо Загреб исто така обезбедија пласман меѓу осумте најдобри откако славеа со 2-3 над Бијело Брдо.

 

Се вчитува...