Стојановски во тимот на колото во хрватскиот шампионат

Македонскиот фудбалски интернационалец Влатко Стојановски се најде во тимот на 29. коло во Првата фудбалска лига на Хрватска.

Стојановски беше херој во победата на неговата Горица на гостувањето кај Шибеник, постигнувајќи го единствениот погодок во победата од 0-1.

Стојановски стрелаше на асистенција на Калик во 40. минута и донесе три бода за својот тим.

Се вчитува...