Стојкоски и Тантуровски заминуваат од Работнички

Работнички почна со „ремонтот“ во играчкиот кадар, а согласно тоа некои фудбалери нема да бидат дел од тимот од Дебар Маало во пролетниот дел од сезоната. Веќе е познато дека клубот го напушти Александар Позњак, а во следните денови истото ќе го сторат и Кристијан Стојкоски и Дејан Тантуровски.

Стојкоски дојде во Работнички летото 2020 година од Академија Пандев, а претходно играше и за Шкупи, Македонија ЃП и Тетекс. Неговото заминување е еден вид мало изненадување поради тоа што ја носеше и капитенската лента на екипата. Тантуровски, пак, пристигна во таборот на „романтичарите“ на почетокот на оваа сезона од Силекс.

ЕКИПА дознава дека на пат да го напушти Работнички е и Анес Османоски. Во следните денови треба во „Градски Парк“ да пристигне стоперот Дарко Илиески и во пролетниот дел да го носи дресот на „романтичарите“.

Се вчитува...