Стојкоски од Шкупи потпиша за Академија Пандев

Академија Пандев значително ги засили своите редови за вториот дел од сезонава откако денеска потпиша договор со Кристијан Стојкоски.

Станува збор за одличен фудбалер кој настапува на позицијата офанзивен играч за врска, а кој играше во топ-форма во првиот дел од сезонава во дресот на Шкупи. Тој пред само неколку дена го раскина договорот со чаирскиот прволигаш, по што денеска и официјално потпиша договор со „пандевци“.

Стојкоски досега во својата кариера има настапувано за тимовите на Шкупи, Македонија ЃП и Тетекс.

Се вчитува...