Стојкоски: Штип е тешко гостување, но Работнички ќе даде максимум за победа

Работнички гостува на Брегалница во Штип во 17.коло од Првата фудбалска лига. По ремито без голови против Ренова, нашиот тим посакува позитивен резултат од денешното гостување. Капитенот Кристијан Стојкоски вели дека воопшто не е лесно да се освои Штип, но тој и соиграчите ќе го дадат максимумот да успеат во таа намера.

„Брегалница е квалитетен тим, а посебно добро игра пред своите гледачи. Штип тешко се освојува, но ние максимално ќе се потрудиме да ја реализираме нашата цел. Одигравме добар меч против Ренова, недостигаа единствено голови и се надеваме дека на овој дуел ќе проработиме и во најважниот сегмент од фудбалската игра. Преостануваат уште два првенствени натпревари оваа есен и фокусирани сме да освоиме што е можно повеќе бодови“, вели Стојкоски.

Натпреварот меѓу Брегалница и Работнички ќе се одигра на Градскиот стадион во Штип со почеток во 13 часот. Ќе го суди Јован Качевски од Струга.

Се вчитува...