Стојков по 17 месеци конечно заигра фудбал… (ФОТО)

Поранешниот македонски репрезентативец Аце Стојков конечно повторно се врати во домашниот првенствен фудбал.

По пауза од цели 17 месеци конечно Стојков се најде на официјален првенствен дуел во дресот на Вардар, откако доби минутажа во второто полувреме на денешниот натпревар од 4. коло во ПМФЛ против Силекс на кој „црвено-црните“ славеа со 3-1.

Интересно, последниот првенствен дуел за Вардар, 34-годишниот Аце Стојков го одигра на 30. април 2016 година и тоа против Силекс во Кратово каде Вардар славеше со 1-2.

Потоа, Стојков падна во немилост кај поранешниот стратег на „вардарци“, Гоце Седлоски, па беше префрлен да тренира и со младинскиот тим, а сега Чеде Јаневски повторно му даде шанса да се врати на првенствените терени.

Се вчитува...