Стојковиќ: Немаше гол за Звезда, се откажувам од српскиот пасош

Партизан и Црвена звезда ремизираа во првото вечно дерби на српскиот фудбал за оваа сезона, но „црно-белите“ не се помируваат со судиската одлука да биде признаен голот на противникот. Боачи со глава биеше кон голот, Стојковиќ успеа да ја запре топката, но судиите одлучија дека топката ја минала гол-линијата.

Голманот на Партизан по мечот беше бесен на ваквата одлука што му донесе бод на големиот ривал.

„Срамно! Срам ми е што сум Србин. Ќе видите, утре ќе се откажам од српскиот пасош, ќе видите. Ви се колнам, не беше гол. Не можеш така да свириш кога не си стопроцентно сигурен. Како можеше судијата да види кога од мене немаше поглед на топката. Секоја чест на Црвена звезда за борбата, но ова е срамота. Повторувам, прв прва во животот ми е срам што сум државјанин на оваа земја“ – разочарано изјави Стојковиќ.

Погледнете го спорниот момент и самите уверете се дали судиите беа во право.

Се вчитува...