Столе брани, Фалкао дава голови – Рајо реди победи

Рајо Валјекано е хит на новата сезона во Ла Лига откако денеска го совлада Кадиз со 3-1 и се искачи на петтото место на табелата. За тимот на Столе Димтриевски ова беше трета победа во низа, во која македонскиот репрезентативец повторно учествуваше со сигурно издание на голот на Рајо.

Радамел Фалкао беше човек на одлука во првото полувреме, по одбиената топка по неговиот удар Рајо поведе со 1-0, а Колумбиецот нешто подоцна и самиот се запиша во листата на стрелци за водство на својот тим од 2-1.

Димитриевски имаше и доста среќа откако гостите во 75. минута со глава го погодија дирекот од неговиот гол, за Палазон со еврогол да ги постави конечните 3-1 во самиот финиш.

Рајо Валјекано има четири победи и едно реми во последните пет кола, со што се наоѓа на петтото место на табелата со 13 бода, четири помалку од лидерот Реал Мадрид.

Се вчитува...