Столе брилијантен, како и секогаш: Не сме подготвени за дочекот во Македонија

ЕКИПА во Келн,

Катерина Павлова Николовска

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, секогаш има сили и за брилијантна изјава, посебно по еден ваков голем успех. Вели, Вардар ја изненади цела Европа, но некако и самите ракометари се изненадени од успехот, и не се подготвени за дочекот во Македонија.

„Кам-бекот со Барса ни помогна на психички план. Ракометарите на Веспрем се плашеа од нас, но во второто полувреме се вратија и притискаа. Веспрем е одличен тим, одиграа фер натпревар и навистина ми е жал што загубија, но вака е поубаво. Дојдовме како аутсајдери исто како и првата година. Полесно е вака, бидејќи има притисок ако си фаворит. Не сме подготвени за дочекот во Скопје, не знам што се ќе се случува во Македонија“, изјави Столе Стоилов пред да замине на прес – конференцијата.

 

Се вчитува...