Столе Димитревски во Рајо Валјекано до 2024 година

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитревски ја продолжи соработката со Рајо Валјекано до 2024 година објави клубот. Димитриевски во Рајо дојде во 2018 година на позајмица од Гимнастик, потоа доби перманентен договор до 2022 година, а сега и ново продолжување за дополнителни две години.

Во текот на летниот преоден рок сериозен интерес за македонскиот голман покажа Валенсија, но челниците на Рајо решија да го задржат Димитриевски, а сега и да го „врзат“ за уште четири години да остане во мадридскиот клуб. Тој е стартен голман на Рајо Валјекано, сезонава веќе одигра 1.440 минути за овој клуб, а за добрите игри беше награден со нов договор.

Во шпанската Секунда, Рајо Валјекано моментално е на 11. позиција со биланс од седум победи, 12 нерешени и пет порази.

Се вчитува...