Столе Димитриевски блиску до нов договор со Рајо

Столе Димитриевски веројатно и натаму ќе остане дел од Рајо Валјекано, откако „Ел Чирингито“ откри дека голманот и клубот се многу блиску до потпишување на нова соработка.

Пред неколку дена Димитриевски кажа дека е среќен во Рајо, и покрај тоа што имаше интерес од Севилја, Вилјареал и Валенсија. Меѓутоа најверојатно тој ќе остане во сегашниот клуб.

Димитриевски е во Рајо од 2019 година. Шпанија му е добро позната средина, со оглед дека во минатото беше дел од Гранада, Химнастик Тарагона и Кадиз. Тој е во Шпанија од 2012 година, и засега нема намера да ја менува средината.

Се вчитува...