Столе Димитриевски е блиску до нов договор со Рајо Валјекано

Договорот што Столе Димитриевски го има со Рајо Валјекано истекува на крајот од оваа сезона, па македонскиот голман неслучајно има понуди од неколку пореномирани шпански прволигаши, ако се знае дека Димитриевски е најдобриот фудбалер на Рајо оваа сезона во Ла Лига.

Нашиот интернационалец во неколку наврати изјави дека негова желба е да остане и да потпише нов договор со Рајо, а последните информации говорат дека е постигнат значаен чекор напред за ова да се реализира.

„Тоа е идејата на која сите заедно работиме. Претседателот ја знае мојата желба да останам, сите заедно разговараме за тоа да се случи. Го кажав тоа пред една седмица, сега ќе го повторам – пресреќен сум овде и би сакал да останам уште многу години, се надевам дека ќе се договориме“, изјави Димитриевски за „Мовистар“.

Претходно, интерес за потписот на македонскиот голман покажаа Валенсија, Севилја и Вилјареал, а неговите настапи ги следеше и големиот Реал Мадрид, кој во Столе гледа една од опциите за резерва на Куртоа за наредната сезона.

Се вчитува...