Столе Димитриевски херој на Рајо Ваљекано, одбрани пенал за триумф (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски имаше фантастичен настап за Рајо Ваљекано во триумфот (0-1) на гости против Валјадолид. Тој одбрани пенал во 88.минута и беше херој во важната победа. Стрелец на единствениот гол за Рајо беше Алваро Медран уште во првата минута од натпреварот.

Во текот на натпреварот Столе Димитриевски имаше уште неколку одлични интервенции и е веројатно најзаслужниот за трите бода што ги освои Рајо Ваљекано.

Се вчитува...