Столе Димитриевски и по три кола најдобар голман во Ла лига

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски и по три кола е најдобар во шпанската Ла лига. Тој беше одличен и на мечот против Гранада кој неговиот Рајо Валјекано го доби со 4-0 и ја забележа првата победа во новата сезона.

Димитриевски досега во шампионатот на Шпанија собра 15 одбрани на три меча со што е најуспешен во овој статистички податок.

 

Се вчитува...