Столе Димитриевски и Рајо се непобедливи на домашен терен

Столе Димитриевски и Рајо Валјекано ја продолжија серијата одлични игри во Ла Лига откако на четвртиот домашен меч ја забележаа и четвртата победа, овојпат против Кадиз со минимални 2-1. Македонскиот репрезентативен голман повторно беше стартер за тимот на Рајо, кој со овој триумф останува едно од најпријатните изненадување во шпанското првенство на стартот од оваа сезона.

Домашните фудбалери имаа повеќе од играта на почетокот од мечот, но Елче прв поведе откако Боје го изненади Димитриевски сместувајќи ја топката во мрежата. Рајо успеа да израмни уште во првото полувреме, со прекрасниот удар со глава на Хернандез, додека пресвртот беше комплетиран во 65. минута, кога Нтека ја смести топката во мрежата на Елче.

Гостите се обидоа да се вратат, имаа и дури осум минути судиско продолжение, но Димитриевски и Рајо го издржаа завршниот притисок и стигнаа до нови три бода.

Се вчитува...