Столе Димитриевски има нова понуда од Саудиска Арабија

Столе Димитриевски е еден од најдобрите голмани во Ла Лига оваа сезона, а ако се знае дека тој летово ќе стане слободен играч  по истекот на договорот со Рајо Валјекано јасно е зошто Македонецот е високо на листата со желби на бројни клубови.

Тој има на маса неколку понуди од шпански клубови, за Димитриевски се интересираат и екипи од Англија и од Италија, а во трката пред неколку дена се вклучија и клубови од Саудиска Арабија. Името не се обелоденува во јавноста, но арапските прволигаши во Македонецот гледаат идеална опција за голманската позиција, па нудат и значително повеќе пари од ривалите во оваа трка.

Неофицијално, самиот Димитриевски е заинтересиран за еден ваков трансфер, но останува да се види разврската и се очекува во следните денови да дојде до конкретни преговори, за потписот да се случи уште додека трае сезонава во ЛА Лига.

Столе Димитриевски пред две години беше во преговори со тимот на Ал Наср, двете страни беа блиску до потпис, но на крајот не беше постигнат договор и Македонецот остана во Рајо Валјекано. Сепак, со новиот развој на настаните може да се случи нашиот интернационалец сепак да се пресели во Саудиска Арабија.

Се вчитува...