Столе Димитриевски ја сочува мрежата недопрена за победа на Рајо, Леванте поразен во голеада од Севилја

Македонските интернационалци во Ла Лига имаа половичен успех во 33. коло откако Рајо Валекано на нашиот Столе Димитриевски стигна до три бода на гостувањето кај Еспањол со победа од 0-1, додека Леванте на Енис Барди претрпе пораз на домашен терен од 2-3 против Севилја.

Македонскиот голман успеа да ја сочува мрежата недопрена, а победоносниот гол го постигна Гвардиола во 42. минута.

Голеадата во Валенсија започна во 14. минута кога Корона донесе предност од 0-1 за гостите, но по само осум минути од белата точка Моралес изедначи на 1-1. Мрежите не мируваа до полувреме бидејќи во 27. минута Корона повторно успеа да го совлада домашниот голман за 1-2.

Моралес имаше шанси да донесе изедначување во 71. минута, но овој пат не реализираше од белата точка, а казна стигна од Кунде кој во 81. минута постигна гол за 1-3. Солдадо успеа да го ублажи поразот со гол во 88. минута. Леванте имаше шанса и да стигне до бод кога во 90. минута при исфрлувањто на Боно топката заврши во грбот на Солдадо, но за жал топката заврши милиметри крај статива.

Енис Барди натпреварот го започна од клупата, но доби шанса во 66. минута на местото на Молеро.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...