Столе Димитриевски одличен, прва победа на Рајо Валјекано

Столе Димитриевски се израдува на првата победа во Ла Лига со Рајо Валјекано откако македонскиот голман имаше уште една одлична партија и даде значаен придонес во триумфот од убедливи 4-0 над Гранада.

Македонецот беше голман со најмногу интервенции во првите две кола, а Димитриевски продолжи со добри настапи и на денешниот меч, на кој ги запре сите удари што беа упатени кон неговиот гол. Столе во една ситуација по успешната интервенција имаше и помош од дирекот, за прв меч без примен гол во Ла Лига оваа натпреварувачка сезона.

Неверојатен натпревар одиграа Кадиз и Осасуна, на кој домаќините до 90. минута имаа водство од 2-1, но Осасуна со два гола во 91. и во 95. минута направи пресврт и ги освои трите бода.

Се вчитува...