Столе Димитриевски пак е во Топ 5 одбрани во Шпанија (видео)

Столе Димитриевски дефинитивно е еден од најдобрите голмани во шпанската Примера дивизион оваа сезона. Серијата одлични настапи на македонскиот репрезентативец продолжи и на последното гостување против Осасуна, на кое Димитриевски имаше неколку одлични интервенции, но за жал со примен гол во судиското продолжение тој не успеа да ја сочува својата мрежа незатресена.

Столе повторно се најде во Топ-листата од пет најдобри интервенции, со извонредната одбрана против Осасуна кога беше фатен на „погрешна нога“, но сепак успеа мајсторски да реагира и во последен момент спречи топката да заврши во неговата мрежа.

На чело на оваа топ-листа се наоѓа Јан Облак од Атлетико Мадрид и неговата фантастична интервенција на гостувањето против Атлетик Билбао.

Најдобрите пет одбрани во 17 коло од шпанската Ла Лига можете да ги погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...