Столе Димитриевски повторно е „позитивен“, Шишковски ќе биде на голот?

Голманот Столе Димитриевски неофицијално повторно има проблеми со „претпоставен позитивен резултат“ на коронавирусот и сместен е во изолација во хотелот во Талин, според информациите од Естонија. Нема да биде на располагање на селекторот Игор Ангеловски за вечерашниот натпревар. Во изолација се уште еден член на стручниот штаб и лице од техничката служба.

Димитриевски требаше да биде стартер на мечот против Естонците, но сега планот на Ангеловски се менува и на голот би требало да застане Дамјан Шишковски.

Се вчитува...