Столе Димитриевски пред промоција во дресот на Малага!

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е пред реализација на трансфер од Гимнастик Тарагона во Малага!

Според последните информации кои доѓаат од Шпанија, Димитриевски и официјално е пред договор за преселба во редовите на Малага која следнава сезона ќе се натпреварува во Втората шпанска лига. Гимнастик за трансферот на Димитриевски од Малага се очекува да добие 1,2 милиони евра.

Претходно, како што е познато, интерес за услугите на македонскиот голман отворено пројавија и Еспањол и Бетис, но на крајот Малага се чини остана до крај цврсто решена за ангажман на 24-годишниот Димитриевски.

Согласно најавите, наредниве денови се очекува и официјална потврда од Малага за трансферот на македонскиот репрезентативец.

Се вчитува...